28/04/2024
Охрид

59 санкции за брзо возење на територија на СВР Охрид

Денеска (11.07.2021) во периодот од 10 до 15 часот полициски службеници од СВР Охрид спроведоа зајакната акциска контрола на територијата на СВР Охрид за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 59 возачи. Најголем дел од санкциите се изречени во Струга-25, Дебар-15, Охрид-11…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.