20/04/2024
Охрид

6-та Меѓународна Летна школа за архитектура и дизајн во Охрид

Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) организира 6-та Меѓународна Летна школа за архитектура и дизајн – Охрид 2018, во организација на Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид.

6-та Меѓународна Летна школа за архитектура и дизајн започна на 30.06. и ќе трае до 08.07.2018 година.

Како специјален гостин на школата ќе одржи предавање Џејмс Весткот (James Westcott), писател и уредник од В. Британија, за архитектонскиот свет попознат како соработник на Рем Кулхас (Rem Koolhas) на тема “Anthropocene and Domus” во четврток, 05.07.2018 со почеток во 9:30 часот во конгресната сала на хотел „Пела“ во Охрид.

6-та сесија на школата завршува на 07.07.2018 со изложба и завршно предавање на проф. Диксит Митеш за пошроката публика.

Организацискиот одбор на школата е во состав:

– проф. м-р Диксит Митеш, Архитектонски факултет на Универзитетот Сиракјуз, Њујорк, САД – главен ментор на школата

– Проф.д-р Мишко Ралев, Декан на Факултетот за архитектура и дизајн УАКС

– Проф. м-р Викторија Еремеева Продекан за настава на ФАД, УАКС

– Асс.м-р Максим Наумовски, директор на школата 

– Доц. д-р Љупчо Јованов, ментор

– М-р Нина Карангелеска, секретар на школата

– Павел Вељановски, диа, тутор

Темата на овогодишната сесија на школата  “Material Contours” произлегува од современото третирање на просторот преку интегрирани анализи на неговите карактеристики креирајќи „компаративен урбан атлас“ како еден вид критичка картографска алатка на архитектурата и урбанизмот.

Студентите низ различни методи и аспекти ќе го анализираат просторот од охридското пристаниште на југ до селото Лескоец на север. Резултатите кои се очекуваат се одредени насоки за инфарструктурен, урбан и архитектонски развој на предметниот терен произлезени од повеќеслојните мапи со соодветни интердисциплинарни информации. 

Студентите истражувањето го спроведуваат со работа во тимови на терен, преку изработка на графички анализи, заеднички презентации следејќи ги инструкциите на менторите пренесени преку предавања и консултации.