01/05/2024
Охрид

Активности на СВР Охрид и РСБСП за зголемување на безбедноста во сообраќајот

Од почеток на годинава, СВР Охрид и РСБСП, отпочнаа со реализација на проектни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот. Притоа, полициски службеници од отсекот за превенција, во рамки на кампањите „Користи зимска опрема“ „Биди одговорен – не пиј додека возиш“, низ непосредна комуникација со возачите на моторни возила во сообраќајот им укажуваат на неопходноста од внимателно возење спрема условите и состојбите на патот, на можните последици од неприлагодената брзина како и на придржување до законската обврска за носење и соодветна употреба на зимската опрема.

Полициските службеници, на возачите им поделија едукативни летоци со корисни сообраќајни совети.


WebOhrid / 16.01.2024 / СВР Охрид