28/04/2024
Охрид

Активности на учениците од подрачното училиште во Коњско по повод 7 Ноември

Честит празник Охриде!

Учениците во подрачното училиште во с.Коњско со нивниот одделенски наставник Лила Каранфиловска, преку низа активности, работилници и музички точки го одбележаа 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид.

Детската искрена желба за мирен и спокоен живот во слобода, водени од идеата дека слободата е највредната придобивка за секој човек, учениците во текот на воннаставните активности на креативен начин и со голема љубов направија мозаик на грбот на општина Охрид.

Зборовите и пораките за слобода и безгрижно детство од овие малечки деца имаат голема сила и моќ.

Нека ни е честит и вековит!