27/04/2024
Струга

Албански државјанин приведен на ГП „Ќафасан“

На 17.12.2019 во 23.50 часот на Граничниот премин „Ќафасан“ од слобода бил лишен Р.К.(32) од Р.Албанија, затоа што при извршена проверка било констатирано дека се наоѓа на стоп-листа со мерка „апси“, по барање на Интерпол Германија.

Тој бил предаден во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.