Ангеловски и Тричковски: Да го завршиме овој циклус со победа

Најдобрата македонска репрезентација утре се среќава со Ерменија, во последениот натпревар во Лигата на Нациите, а нашата репрезентација и со нерешен резултат обезбедува пласман во Б-Лигата на ова натпреварање. Фудбалерите вечерва тренираа на “ГСП Стадиум” во Никозија, а на официјалната прес-конференција за очекувањата зборуваа селекторот Ангеловски и напаѓачот Тричковски.

“Не сум селектор кој калкулира, па на нерешено и не знам да играм , тоа ми мана, ќе играме на победа, имаме одлични избор, тука не се да пополнат место, играме натпревар кој ни значи, секој позитивен резултат ќе не однесе во Б-Лигата, тоа е приоритет. Ќе го извадам максимумот од играчите за да победиме”, изјави селекторот Игор Ангеловски.

„Атмосферата е одлична и на највиско  ниво, мотивацијата никогаш не ни недостасувала, не краси тоа, индивидуално и тимски сме мотиварни, на утрешниот натпревар ќе докажеме дека можеме, ќе направиме се да забележиме добар резултат. Се чуствувам поконфорно, како на овој стадион како и на секој друг. Сега имаме дополнителна мотивација, неам публика но имамаме императив – прво место”, изјави Тричковски.

Поради воената сојстојба во Ереван, Ерменија ја пречекува Македонија во Никозија, а средбата се игра во среда со почеток од 18:00 часот.