26/04/2024
Македонија

Апел до граѓаните да се воздржат од палењето на бадникови огнови на отворено

Министерството за животна средина и просторно планирање упатува апел до граѓаните на Република Македонија да се воздржат од палењето на бадникови огнови на отворено, со цел да се избегне дополнителното загадување на амбиенталниот воздух.

Исто така, Министерството ја поздравува одлуката на Град Скопје и општините во Градот да не донираат дрва за бадниковите огнови и во исто време апелира до другите општини во дражавата да се приклучат кон оваа иницијатива.