26/04/2024
Македонија

„Архангел“ и „Галија“ ќе го отворат годинешниот Вевчански карневал

Рок-групите „Архангел“ и „ Галија“, како и познати диџеи, ќе бидат дел од програмата на Вевчанскиот карневал што ќе се одржи од 12 до 14 јануари во Вевчани …

Vevcanski_karneval

Во рамките на карневалската манифестација, на 12 јануари се предвидени културно-уметничка работилница и настапи на македонската рок-група „Архангел“ и на српската „Галија“, а во ноќните часови присутните ќе ги забавува познат диџеј.

На Стара нова година вевчанци и посетителите ќе ги забавуваат „Кате и Нели ти реков“, „Баклава“, „Џубокс бенд“ и оркестар со зурли и тапани.

Инаку, карневалот кој е вековна традиција во Вевчани, почнува со традиционално карневалско дефиле под маски напладне на 13 јануари, а следниот ден маските се палат во центарот на Вевчани, со што завршува манифестацијата.