25/04/2024
Охрид

Автобус заринка на булеварот „Свети Наум Охридски“

Автобус кој превезува спортисти попладнево заринка на булеварот „Свети Наум Охридски“ обидувајќи се да паркира на паркингот од хотелот каде тие се сместени. Имено, се работи за стрмен и доста нерамен пристап до овој паркинг, каде предниот дел од автобусот се искачи на паркингот, додека пак задниот дел од автобусот остана зариен во асфалтот.

Автобусот го блокира одвивањето на сообраќајот попречувајќи ги двете ленти во правец кон Охрид, при што полицијата привремено го пренасочи сообраќајот на спротивната страна од булеварот.