08/05/2024
Охрид

Бакраческа: Сагата со изградбата на автопатот Охрид-Кичево продолжува

Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ Грација Бакраческа и Лидија Петкоска денес на автопатот во изградба Охрид-Кичево, кај манастирот Свети Еразмо одржаа прес-конференција на која говореше пратеничката Грација Бакраческа.

„Почитувана македонска јавност,

Се наоѓаме во близина на манастирот „Св. Еразмо“, на делницата Кичево-Охрид.

Поради неспособноста на Владата предводена од СДСМ сагата со изградбата на автопатот продолжува и по 8 години не се знае кога ќе се вози по автопатот кој досега чини 684,7 милиони долари, а никаде го нема.

Заклучно со месец август требаше да биде готова делницата од Требеништа до Охрид, но како што може да се види, иако беше најавувано, сè уште не е во функција.

Оттука се гледа дека немаат ниту капацитет, ниту визија, ниту план за развој на државата.

Автопатот е важен за Република Македонија со цел инфраструктурно поврзување, забрзан економски развој и развој на туризмот во регионот.

Со оваа ненародна и предавничка власт има за жал човечки жртви, застој, бавна динамика и зголемени трошоци, казни и фрлени пари, само автопатот никаде го нема.

Премногу е!

Ова мора да има крај!

Време е за одговорна Влада!“ – истакна Бакраческа.


WebOhrid / 10.10.2022 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид