28/04/2024
Охрид

Бесплатен паркинг за Водици на паркинзите со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“

ЈП „Билјанини Извори” ја известува јавноста дека на ден 19.01.2023 (четврток) јавниот градски паркинг со кој стопанисува претпријатието ќе е бесплатен за сите нејзини корисници.

Одлуката традиционално се носи во име на големиот христијански празник Богојавление – Водици.

ЈП „Билјанини Извори“ на сите учесници на утрешниот настан им посакува мирно езеро и добро здравје.

За многу години!


WebOhrid / 18.01.2023 / ЈП „Билјанини Извори“