28/04/2024
Спорт

Благодарение на Миовски, Абердин ќе игра во финалето од Шкотскиот Лига Куп

Благодарение на голот на нашиот интернационалец Бојан Миовски, тимот на Абердин успеа со 1:0 да победи во полуфиналето од Шкотскиот Лига Куп против Хиберниан.

Миовски беше стартер на овој меч. Неговиот тим остана со играч помалку откако во 75 минута неговиот соиграч МекКензи доби втор жолт картон. Само три минути подоцна, во 78 минута Миовски постигна гол за водство на Абердин. До крајот на натпреварот Миовски доби жолт картон во 84 минута, а во судиското продолжение од натпреварот (90+2) излезе од игра како тактичка замена.

Во финалето, Абердин ќе игра против победникот од другиот полуфинален натпревар помеѓу Хартс и Ренџерс.


WebOhrid / 04.11.2023