15/05/2024
Спорт

Бобан Илиоски стана светски про-првак во кик-бокс

Бобан Илиоски го победи актуелениот светски шампион на WAKO PRO во дисциплината K1 RULES, турчинот Берк Дузенли и стана професионален светски првак во Кикбокс. Во синоќешниот спектакл кој се одржа во Олимпискиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, Бобан со одлука на судиите 2-1 ја освои титулата Светски про-првак во Кик Бокс.

Ова е првпат Македонија да биде домаќин на еден ваков кикбокс-настан, во организација на Кикбокс маитаи-федерација на Македонија, а за време на овој настан, претседателот на КикБокс МаиТаи федерацијата на Македонија Дејан Митревски му додели признанание на Претседателот на МОК, Даниел Димевски за несебичната поддршка и за унапредување на Кик Боксот и МаиТаи спортовите во Македонија, но и на меѓународно ниво.


WebOhrid / 27.04.2024 / МОК