29/04/2024
Охрид

Богата социјално-едукативна програма на првото издание на Ohrid Water Festival

Во рамки на првото издание на големата промотивно спортска манифестација Ohrid Water Festival покрај 17-те спортски настани, предвидена е богата социјално-едукативна програма која вклучува низа интересни и забавни содржини кои ќе го привлечат вниманието на публиката.

Забавниот дел на фестивалот ќе стартува на 21-ви август (понеделник) со Концерт на поп печајот Ѓоко Танески.

На 22-ри август (вторник) ќе биде организирана Изложба „Флора и фауна од Охридско езеро“ и „Потонато културно историско богатство“, а за музичкиот дел од вечерта ќе се погрижи ДЏ Ванчо Плеј.

На 23-ти август (среда) во текот на денот ќе биде организиран Отворен ден во ЈНУ Хидробилошки Завод, а текот на вечерните часови ќе се одржи Панел дискусија на тема „Охридското езеро-валоризација на вредностите како пат кон идните бенефити“. Во рамки на музичкиот дел од вечерта, ќе настапи ДЏ Багзи.

На 24-ти август (четврток) ќе бидат поставена Изложба „Почетоците на веслањето во Охрид“ и „Победници на охридскиот пливачки маратон низ времето“, а за музичкиот дел ќе се погрижат „Балканикос Бенд“ и „Жармена Бенд“. На 25-ти август ќе биде поставена изложба „Рибите од Охридското Езеро“. Истиот ден во организација на  ОФВ и SLOW FOOD Охрид ќе се одржи промоција на охридска и македонска традиционална храна и пијалоци, а за добрата атмосфера ќе се погрижи ДЏ Rootboy Selector.

На 26-ти август (сабота), на денот кога е предвидено одржувањето на Охридскиот пливачки маратон ќе продолжи Промоцијата на охридска и македонска традиционална храна и пијалоци, а за добрата атмосфера во вечерните часови ќе биде задолжен „Ансамбл Билјана“.

Фестивалот ќе финишира на 27-ми август (недела) со Концерт на Камерниот битолски оркестар „Рок Симфонија“.

Сите настани од социјално-едукативниот дел на програмата ќе се одвива пред платото на хотелот „Палас“, а за повеќе детали и за времето на одржување на настаните може да се информирате на следниот линк:

→ → →  ЗАБАВНО-ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА OHRID WATER FESTIVAL  ← ← ←


WebOhrid / 15.08.2023 / Општина Охрид