Центар за јавно здравје Охрид: Состојба со COVID-19 (од 4 до 10 јули)

Со цел правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа…

За период од 04 до 10 јули 2020 г.

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 354 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 188 лица, во општина Струга и Вевчани 104 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа 62 лицa.

– Од вкупно земените материјали, 237 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 119, Струга и Вевчани 56, Дебар и Центар Жупа 62), а 117 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 69, Струга и Вевчани 48, Дебар и Центар Жупа 0)

Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 29 лица од општина Охрид, кај 55 лица од општина Струга и кај 35 лица од општина Дебар.

Во Охрид 48 пациенти се на домашно лекување, во Струга 46 пациенти се на домашно лекување, а во Дебар 20 пациенти се на домашно лекување.

Активни случаи во Охрид се 133, во Струга 147, а во Дебар 76.

Во овој период оздравени се 57 лица од Охрид, 54 лица од Струга и 8 лица од Дебар

Во овој период починати се 1 лице од општина Охрид, 8 лица од општина Струга и 1 лице од општина Дебар

Од почетокот на епидемијата до 10 јули 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 656 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 219 лица во општина Охрид и Дебрца, 300 лице во општина Струга и Вевчани и 137 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 86, од Струга се 151, а од Дебар и Центар Жупа се 60 пациенти

-од општина Охрид и Дебрца има 6 починати пациенти, од општина Струга се починати 34, а од Дебар и Центар Жупа се починати 5 лица

Почитувани сограѓани,

Епидемијата од коронавирусот сеуште трае. Коронавирусот сеуште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење/дезинфицирање на рацете, избегнување на било какви собири и групирање.

ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВЈЕТО НА ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ!