26/04/2024
Охрид

Честитка на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот Рождество Христово – Божиќ

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки до сите православни верници по повод големиот христијански празник Раѓање Христово – Божиќ.

„Божиќ е празник на љубовта, простувањето и милосрдието. Тоа е празник на радоста и достоинството. Симбол на Божјата љубов, време за мир во мислите и душата. Христовото учење нека биде ѕвезда водилка преку која ќе нè грее огнот на среќата. Радоста нека биде поттик да бидеме солидарни и хумани. Традиционалните вредности ни го покажуваат патот за просперитетен Охрид и успешна Република Македонија. Да го чуваме нашиот духовен и национален идентитет.

Нека е честит големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ!

ХРИСТОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ!“– стои во честитката.