19/04/2024
Охрид

Честитка од градоначалникот Георгиески по повод Меѓународниот ден на трудот

Почитувани работници, почитувани охриѓани,

Ви го честитам меѓународниот ден на трудот, 1. Мај, со желби за успех во работата, напредување во кариерата, вреднување на Вашиот труд и остварување на Вашите права.

Сите ние заедно, сме должни да се бориме, да ги штитиме и унапредуваме правата, бидејќи работникот е нераскинлива алка во општествените и стопански текови. Секогаш бидете горди и посветени на она што го работите, бидејќи трудот и посветеноста се најголеми вредности и двигатели на иднината, стои во честитката на градоначалникот Константин Георгиески.