24/04/2024
ДебрцаМакедонија

Честитка од градоначалникот на Дебрца, Ногачески по повод празникот Св. Климент Охридски

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески по повод празнувањето на Св. Климент Охридски, упати честитка до сите православни христијани:

„Со зборови си ги упатил народите кон верата Божја, со делата си се издигнал, преблажен, кон божествен и блажен живот.

Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат со вера кон Тебе, преславно осветлувајќи ја темнината со знаменија.

Заради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.

Слава Тебе Клименте !

Честит празник !“– стои во честитката.