27/04/2024
Охрид

Честитка од градоначалникот Пецаков по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков  упати честитка до припадниците на турската заедница во  Охрид и Република Македонија,  по повод одбележување на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември.

Еден од основните предуслови за зачувување и негување на својата традиција е можноста за учење  и творење на мајчин јазик, а ние сме тие кои мора да ги цениме и вреднуваме  јазичните и културни одбележја на различните народи  со кои живееме  во нашата заедничка татковина, Македонија.

Одбележувањето на овој празник е симбол на почитта на Македонија кон турскиот народ, култура и идентитет.  Живеејќи заедно, почитувајќи ги овие културни различности,  придонесуваме за зајакнување на општеството и градење на подобар живот за сите нас .Ова е влог и во односите со Република Турција, која е долгогодишен пријател на нашиов град и  држава – стои во честитката на градоначалникот Пецаков по повод одбележување на Денот на наставата на турски јазик.


WebOhrid / 21.12.2022 / Општина Охрид