29/04/2024
Македонија

Честитка од министерот Спасовски по повод Илинден

По повод националниот празник – Илинден – министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во свое и во име на Министерството за внатрешни работи на сите граѓани на Република Македонија им го честита овој голем празник – Денот на илинденското востание, Денот на АСНОМ, денот на нашата држава – Република Македонија.

Истовремено, министерот Спасовски им го честита празникот Илинден и на сите вработени во министерството за внатрешни работи изразувајќи го притоа уверувањето дека македонската полиција конечно е на вистинскиот пат да биде силен гарант за безбедноста и сигурноста на сите граѓани на Република Македонија, и заштитник на законитоста и Уставот.