27/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 1 Мај – Ден на трудот

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

„Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај ги промовира работничките права и ја означува истрајноста на работничкото движење.

Ние, како носители на локалната власт во градот продолжуваме да ги подобруваме работничките права и социјалниот статус на работниците.

Работниците заслужуваат поголемо достоинство кое е остварливо само преку силна економија ослободена од притисокот на централната власт.

Потребни се промени за посигурна иднина во Македонија.

Честит 1 Мај – Ден на трудот!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 01.05.2023 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид