Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод Денот на независноста
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати честитка по повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија.
„Стремежите за слобода и правда на татковината се најсилни. Македонски родољупци да го негуваме вековниот сон на нашите предци и триумф на нашата вековна борба.
8 Септември е ден кога Македонците во 1991 година го остварија својот вековен стремеж за создавање на независна и суверена Македонија. Празник кој ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.
Заветот на сите оние кои се жртвувале и бореле и својот живот го положиле за сонот наречен Република Македонија останува наша обврска да го пренесеме на сите идни поколенија.
Достоинството на нашата земја не е предодредено – достоинството мора да се заработи. Борбата за Македонија никогаш не запира, а нашата генерација има аманет обнова на Македонија и да се чуваат идентитетот, името, јазикот, културата и историјата.
Нека овој ден вечно се памети и слави со голема радост, гордост и љубов.
Нека ни е честита, вековита и просперитетна Република Македонија!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.