03/05/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод Католички Божиќ

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар им го честита големиот христијански празник на Раѓањето Христово.

„Божиќ е празник на Божјата љубов, семеен и радоносен празник за раѓањето на Синот Божји.

Нека промените за подобра иднина во Охрид бидат нова надеж и вера за сите.

Со надеж и вера ја прифаќаме Божјата величина и се молиме за пројавување на неговата моќ за среќа на луѓето со добра волја не само во Македонија, туку и насекаде на земјата.

Христос се роди!

Навистина се роди!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 25.12.2022 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид