27/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот Богојавление – Водици

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.

„Исусовото крштевање е поттик да ја следиме верата, а Бог ни го покажува патот на прочистувањето.

Токму таа сила и волја во верата на народот носат подобра лична иднина, но и посветла иднина на Охрид и Македонија.

Светиот Крст да донесе здравје, среќа, љубов, мир и благосостојба во сите домови.

Нека е честит и вековит празникот Богојавление – Водици!

Бог се јави!

Навистина се јави!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 19.01.2023 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид