28/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот Велики поклади – Прочка

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид го честита христијанскиот празник Велики поклади – Прочка.

„Прочка е денот кога се бара прошка и се дава прошка.

Сите кои проштеваат тие љубат, а кои љубат тие се од Бога и Бог е во нив.

Простувањето е божјиот пат за спасение на луѓето.

Македонскиот народ отсекогаш проштевал, затоа и сега проштева и во иднина има да проштева.

Продолжуваме да работиме со волја и верба, чист образ и многу работа за посветла иднина на нашите семејства, народот, Охрид и Македонија. Но, потребна е и одговорност за сите оние кои си поигруваат со таа иднина и го прават потежок животот на народот.

Нека е честит празникот Велики поклади – Прочка!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 26.02.2023 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид