28/03/2024
Струга

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Струга на сите граѓани на Република Македонија им го честита 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.

„Ова е голем празник посветен на солунските браќа, рамноапостолите кои со своето дело станаа светилник на словенската цивилизација, писменост и духовност.

Тие се цврсто поврзани со историјата и културата на Република Македонија преку ширењето на писменоста и христијанството.

Ја создале првата старословенска азбука, Глаголица и како основоположници на словенската писменост и литература, станале најзаслужни дејци за културниот развој на сите словенски народи.

Изведувале многу значајни и суштински мисии, но преку Моравската го добиле признанието од Ватикан за Патрони на Европа и целиот европски народ бидејќи дале огромен придонес во светската наука и култура.

Неизмерно сме горди и треба да бидеме на нивниот добробит и дело.

Нека е за многу години 24 Мај, Денот на словенските просветители Св.Кирил и Методиј!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.