Чист Охрид: И по една година, велосипедските ленти во Охрид без пластични столпчиња

„Претходната година во периодот од јуни до септември, неколку улици во Охрид како „Питу Гули“, „Сирма Војвода“, „Карпош Војвода“, „АСНОМ“, „Марко Цепенков“ добија велосипедски ленти, но се досега тие не се на никаков начин физички одвоени од коловозот каде транзитираат автомобилите.

Поради тоа, неформалната еколошка организација Чист Охрид чие функционирање е несомнено поврзано со унапредување на квалитетот на животот, од надлежните бара под итно да се постават пластични столпчиња на сите велосипедски ленти во градот, каде што е можно, а каде што нема вакви бариери.

Лентите во градот каде нема вакви столпчиња постојано се узурпираат од автомобили и мотори кои се паркираат на овие места.

Поставувањето столпчиња е од огромна важност за безбедноста на бројните велосипедисти и за непречено одвивање на сообраќајот. Но, е и од особена важност за да се поттикне ваквиот тип на транспорт, во град кој е идеален и има голем потенцијал за тоа.

Во овој момент, сметаме дека ваквите ленти воопшто не им служат на велосипедистите, затоа што состојбата воопшто не се разликува од таа пред да се означат ваквите ленти.

Инаку, Чист Охрид минатата година ги поздрави напорите на локалната самоуправа за унапредување на вело-сообраќајот, но и го адресираше проблемот со немањето физички бариери, односно столпчиња уште во август, во период кога тие беа само иницијално обележани.“ – стои во соопштението од Чист Охрид.

This slideshow requires JavaScript.