25/04/2024
Охрид

Чистење на речното корито на реката Сушица и околниот простор

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” пристапија кон машинско расчистување на речното корито на реката Сушица, како и подигнување на расфрланиот тешко разградлив отпад во околниот простор од коритото. Се расчистува потегот од пресекот со ул.„Живко Чинго” до пресекот со улицата „Железничка”.

„Со оваа активност ќе се спречи сиот овој отпад да заврши во водите од Охридското Езеро, а се надеваме дека загадувачите ќе бидат санкционирани.“ – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.


WebOhrid / 24.02.2022 / Општина Охрид