28/04/2024
Охрид

Црвен крст Охрид организира Отворен ден по повод Неделата на грижа за стари лица 20-26 ноември

Во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица од 20-26 ноември, под мотото „СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА“ Црвен крст Охрид организира промотивен настан – Отворен ден за грижа за стари лица на кој од страна на волонтерите од Групата за грижа за стари лица на Црвен крст Охрид ќе бидат презентирани бројни креативни активности и чекори кои ги презема оваа организација за квалитетно и достоинствено стареење на старите лица во регионот во кој делува.

Настанот ќе се одржи на 21.11.2023 г. (вторник) во просториите на Црвен крст Охрид во периодот од 11 – 14 ч.


WebOhrid / 20.11.2023 / Црвен крст Охрид