27/04/2024
ОхридСтруга

Цвеќе за жените учеснички во сообраќајот

СВР Охрид-отсек за превенција, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, денеска со симболичен подарок-цвеќе, на жените учеснички во сообраќајот, им го честитаа 8 март, меѓународниот ден на жената.

Годинава, оваа активност се реализира и на подрачјето на Струга, Кичево и Дебар, а во рамките на едукативната кампања „Жените возат одговорно“.

Полициските службеници, на жените учеснички во сообраќајот им подарија и миризливи автомобилски освежувачи, но и едукативни флаери, како потсетник за потребата од безбедно управување моторни возила.


WebOhrid / 08.03.2022 / СВР Охрид