15/10/2024
Охрид

Цветни балкони – цветен Охрид

Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5-ти Јуни-Светскиот ден на животната средина ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“

Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат во :

-с. Велгошти

-с.Лескоец

-с. Косел

-с. Долно Лакочереј

-с. Горно Лакочереј

Акцијата ќе се реализира на 2-ри јуни (четврток) и 3-ти јуни (петок) 2022г година.

Граѓаните од гореспоменатите населени места кои се заинтересирани за жардиниери со цвеќе истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП  „Охридски Комуналец“ Охрид на 2-ри јуни(четврток) и 3-ти јуни (петок) 2022 година од 9 до 13 часот, а со себе да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.


WebOhrid / 30.05.2022 / Општина Охрид