26/04/2024
Охрид

Да се заштитиме од пожари

Деновиве сме сведоци на значително зголемени температури, зголемена фреквенција на посетители и зголемена опасност од пожари, а во некои делови од државата и од ширење на веќе активни пожари.

Заради тоа, а со цел заштита на личната безбедност на посетителите и граѓаните, како и заради заштита од горенаведените опасности, Јавната установа Национален парк Галичица ја информира јавноста за одлуката на Владата на Република Северна Македонија за целосна забрана за движење низ шумските подрачја.

Одлуката од страна на Владата стапува на сила од денес, 3 август, а ќе трае до одповикување на истата.

Јавна Установа Национален Парк Галичица, спроведувајќи ја одлуката на Владата, соопштува дека преку Галичица е дозволен само транзит по асфалтниот пат без напуштање на истиот.