29/03/2024
Македонија

Делегацијата на Единствена Македонија на средба со лидерите на Евроазиското движење

Делегацијата на Единствена Македонија продолжува со средбите и разговорите во рамките на посетата на Москва.

Денес (14.04.2018) беше остварена средба со лидерите на Евроазиското движење и клучните руски стратези, Александар Дугин и Леонид Савин.

На средбата беше разговарано околу агресијата на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија, спротивно на меѓународното право, и рефлексијата на оваа злосторничка акција на Балканот вклучително и врз Македонија.

Притоа беа договорени активностите за одбрана на Република Македонија во контекст на претстојните геополитички поместувања на Балканот и Македонија, заради што, ќе следи очајнички воен обид од страна на САД.

Во текот на утрешниот ден продолжуваат средбите и разговорите во владеачката руска партија Единствена Русија.