09/05/2024
Македонија

Демократски сојуз: Комисијата да не преговара за историски прашања поврзани со Охридската Архиепископија

Демократскиот  сојуз смета дека Мешовитата Македонско-Бугарска Комисија за историски и образовни прашања, не е надлежна  да разговара и преговара  за историските аспекти на Охридската Архиепископија, по што треба усогласен текст да се вгради во учебниците за основно образование.

Охридската Архепископија е поврзана со вековното опстојување и посебноста на Македонскиот народ, поради што да се преговара за тоа дали оваа Архепископија е Македонска или Бугарска е рамно на велепредавство. 

Евентуалниот договор ќе биде дел од Протоколот,  тоа значи и дел од Преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори со ЕУ.

Демократскиот сојуз бара записникот од преговорите јавно да се објави и доколку за ова прашање е разговарано, Комисија (од Македонскиот дел), да биде разрешена и изберат во истата историчари, резистентни на политичко влијание.


WebOhrid / 28.11.2022 / Демократски сојуз