29/04/2024
Македонија

Демократски сојуз: Ковачевски да го повлече Законот за амнестија

Демократскиот сојуз бара од премиерот Димитар Ковачевски да го повлече новиот Предлог-закон за амнестија, бидејќи овој закон е политички пазар помеѓу коалиционите партнери СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците и продолжение на неодамнешните измени на Кривичниот законик со кои брутално е нападнат правниот поредок.

„Господине Ковачевски, немојте да се мачите да пишувате амандмани на закон кој го предлага Владата со која Вие раководите. Амандмани ќе има илјадници и бидете сигурни дека законот нема да помине!

Инаку, знаете ли на што личите сега со најавата за амандмани? На јавноста ѝ  испраќате порака: ИМАМ СВОЕ МИСЛЕЊЕ, НО НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ СО ИСТОТО

Демократскиот сојуз нагласува дека Владата го урниса системот на владеење на правото и ги загрози евроинтеграциите на Македонија.

Воедно ја повикуваме Европската унија да изгради јасен став во врска со измените на Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за функционерите, како и за најновиот предлог закон за амнестија со кој ќе се амнестираат лица сторители на тешки кривични дела.

Повеќе од јасно е дека сето ова, како и најавите за дополнителни амнестии се прави наводно за да се изгласаат уставните измени со кои се предлага Бугарите да бидат вградени во Уставот, а суштината е неказнивост на функционерите  и да се остане ден повеќе на власт.“ – стои во соопштението од Демократскиот сојуз.


WebOhrid / 29.09.2023 / Демократски сојуз