27/04/2024
Македонија

Демократски сојуз: Настава со физичко присуство приоритет

Демократскиот сојуз смета дека треба да се поддржи одлуката за физичко присуство на учениците за следење на наставата. Вакви препораки доаѓаат и од Светската здравствена организација и бројни други образовни асоцијации и врвни експерти.

„Се залагаме за доследно почитување на здравствените протоколи, поддршка на мерките и од родителите, вакцинирање на возрасните и следење на епидемиолошката состојба.

Инаку кога беше онлајн наставата се “протестираше” за физичко присуство, сега кога се одлучи за физичко присуство, се “протестира” за онлајн настава, ова покажува дека некој здравствената криза ја користи за манипулации и злоупотреба на децата за политички цели.

Демократскиот сојуз ги повикува сите граѓани да се вакцинираат, се со цел да се стекнеме со колективен имунитет и да се намалат можностите за инфицирање од вирусот Ковид-19 и тешките последици од истиот.“ – стои во соопштението од Демократскиот сојуз.