28/04/2024
Македонија

Демократски сојуз: Политичка и кривична одговорност за монструозното злосторство на Онкологија

„Демократскиот сојуз бара политичка и кривична одговорност од „мултиетничката“ Влада поради загрозување на животот на голем број пациенти во Клиниката за онкологија, со кражбата на терапијата и нејзиното продавање на црниот пазар.

Оваа состојба е резултат на неодговорното владеење на ДУИ и СДСМ, јавашлукот и партиските кадри кои се заштитени од водствата на двете владеачки партии.

Кривична одговорност мора да сносат сите што биле вклучени во овие грозоморни „убиства“ на пациентите, но без политичка одговорност на премиерот и министрите, ваков вид злосторства и натаму ќе се повторуваат.

Демократскиот сојуз јавно ги прашува МВР, АНБ, Финансиската полиција и другите надлежни институции – до кога ќе чекате медиумите да го откриваат криминалот од функционери на партиите од власта?!

Треба да се охрабрите и криминалот да го сосечете во корен, во спротивно ќе останеме без држава.

Демократскиот сојуз ги поддржува граѓанските протести и бара одговорност од сите вклучени во овој криминал без преседан.“ – стои во соопштението од Демократскиот сојуз.


WebOhrid / 04.09.2023 / Демократски сојуз