29/04/2024
Македонија

Демократски сојуз: СДСМ ги плаќа фактурите на ДУИ и Алијансата

„Деновиве, на крајот на оваа година, СДСМ ги плаќа “фактурите” на ДУИ и АА, за да биде на власт уште неколку денови.

Медиумите од соседна Албанија се мајтапат со тоа што командант на УЧК ќе биде технички премиер на Македонија, невиден скандал во Судскиот совет каде кадар на ДУИ бара смена на  претседстелот на Врховниот суд, поради тоа што бил против  повторно активирање на аболицијата на Ѓорге Иванов, скандалозни конкурси за вработување во врвни здравствени институции (терциарна здравствена заштита) со елиминација на Македонци, конкурс во Македонски шуми за вработување на Албанци во Берово, Крива Паланка, Демир Капија, каде што не живеат Албанци, а се елиминираат Македонци, ја привршуваат постапката за распродажба на водени ресурси, продолжуваат со најкриминалниот проект со Бехтел и Енка, блокадата од Бугарија на евроинтеграциите на Македонија ја маргинализираат и на големо промовираат наводни големи дипломатски успеси итн.

Сите овие и уште многу други коруптивни скандали длабоко ги фрустрираат сите граѓани, се изгуби довербата во државата, а младите масовно бегаат во странство.

Алчноста на власта предизвика колапс на институциите, се повеке се задолжува државата во странските банки, се предвидуваат над 600 милиони евра за изборен поткуп, спречуваат да се комплетира ДИК итн.

Наместо предновогодишно расположение, граѓаните со неверување слушаат и гледат како СДСМ ги распродава националните и граѓанските интереси, но наскоро за се што се случува граѓаните ќе го кажат својот суд.“ – стои во соопштението од Демократскиот сојуз.


WebOhrid / 30.12.2023 / Демократски сојуз