29/04/2024
Македонија

Денот на трудот, 1 мај е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 1 мај 2019 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита Денот на трудот.