25/04/2024
Македонија

Дирекција за спасување предупредува: Подгответе се, од 1 до 10 јуни ќе има невреме

Дирекцијата за заштита и спасување благодарение на навременото известување на Weather4all.mk и соработката со нив, дава соопштение до јавноста дека од 1-10.6.2019 година се очекува период на поинтензивни врнежи од дожд, кои во попладневните часови може да бидат поројни. Според најавите, се очекува за кратко време да наврнат од 5-10л/м2, а за десет дена се очекуваат над 100л/м2 воден талог. Оваа состојба се предвидува да трае до 15 јуни, а поради најавени високи температури не се исклучени и форми на невреме проследени со силен ветер и град.

За таа цел, Дирекцијата за заштита и спасување ги известува сите Подрачни одделенија за заштита и спасување и Единиците на локалната самоуправа за потребата од превземање на мерки и координирани активности во рамките на своите надлжности.

ДЗС апелира до надлежните навреме да се проверат шахтите и одводите на критичните точки во градовите низ земјава, како и главните одводни канали, со цел успешно превенирање од можноста за поплавување.