24/04/2024
Македонија

Директорот на БЈБ Сашо Тасевски на конференција во Рим

Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски во Рим, Италија вчера и денеска учествуваше на Конференцијата на Шефови на полиции на Балканскиот регион.На Конференцијата на највисоко ниво беа разменети мислења за споделување на информации преку иновативни методи и идентификување на области од заеднички интерес со цел да се развијат иницијативи насочени кон ажурирање на стратегиите за спречување и борба против терористички групи,како и криминални мрежи кои ги користат миграциските текови или други профитабилни криминални организации.Директорот Тасевски имаше свое обраќање во делот предвиден за дискусии и размена на искуства на Шефовите на полиции , а на маргините од Конференцијата оствари билатерална средба со Шефот на полицијата-Генерален Директор на Јавната безбедност, на Италија,Франко Габриели.