28/04/2024
Македонија

Дизелот поевтинува за 2 денари

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,48%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 82,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 82,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 47,174 ден/кг.


WebOhrid / 27.10.2023 / Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад