06/10/2024
Охрид

Добри вести од Германија, извршена е трансплантацијата кај Сара, таа се чувствува добро

Неколку месечната акција и вистинска мобилизација на охриѓани, но и на целата држава и сите добри луѓе ширум светот, на 12-ти овој месец беше крунисана со зафатот кој беше извршен врз 15-годишната Сара Настеска од Охрид.

„Пред два дена, на 12-ти декември се изведе трансплантацијата која се одвиваше во две фази. Прво од братот на Сара, Виктор беше земен потребниот примерок односно коскена срцевина, врз кој потоа беа извршени медицинските процедури и прилагодувања на истиот, а потоа истиот беше трансплатиран врз Сара. Во моментов таа е добра и позитивна. Сега, следува период на адаптација од неколку недели, во текот на кои ќе знаеме како организмот ќе го прифати третманот односно трансплатираната коскена срцевина,“ – информира Горан, таткото на Сара.

Тој додава дека првичната проценка и од лекарскиот тим била дека трансплантацијата поминала добро.

Во име на целото семејство, тој уште еднаш испраќа ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ до сите добри и хумани луѓе, кои беа со нив во моментите кога им беше најтешко и кога им беше најпотребна помош.

Здравјето и доброто на Сара се наш врвен приоритет.

Ви благодариме ОД СРЦЕ! – семејство Настески.