20/04/2024
Охрид

Дојдоа, видоа, заминаа, а сметките ги оставија

Лето преполно со домашни туристи. Речиси и да нема зграда, стан, куќа која остана празна ова лето во Охрид. Но, едно нешто се заборава, а тоа се сметките. Голем број од неплатените сметки се натрупуваат во и врз поштенските сандачиња, а некои куќни совети дури се решија да ги соберат сметките и во кеса.

Рака на срце, има многу кои ги користат електронските системи за наплата и ги плаќаат своите сметки онлајн, брзо и што е најважно без провизија.

За оние кои не знаат или пак тоа не го сториле до сега, еве едно потсетување каде можат да се регистрираат и да ги плаќаат сметките онлајн:

ЕВН: www.evnonline.mk

Телеком: mojtelekom.mk

ЈП Водовод – Охрид: www.evodovod-ohrid.com.mk

ЈП Охридски Комуналец: www.eohridskikomunalec.com.mk

ЈП Нискоградба – Охрид: www.eniskogradbaohrid.mk

ЈП Колекторски систем: e-naplata.kolektorskisistem.com.mk

WebOhrid