02/05/2024
Охрид

Доколку граѓаните забележат борби со кучиња да пријават во најблиската полициска станица

На 23 и 24.11.2023 година, СВР Охрид, реализира дополнителни контроли на целото подрачје, со цел пронаоѓање и санкционирање на лица организатори на борби со кучиња или други слични активности, што се во спротивност со Законот за заштита и благосостојба на животните.

Тим од полициски службеници, во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, извршија обиколки и преглед на одредени локации во периферните региони со отежнат пристап, на авто-кампови како и на повеќе приватни имоти.

Извршени се разговори со нивните сопственици како и со лица кои, на посебно оградени простори, чуваат кучиња, чии фотографии се објавувани по социјалните мрежи како организатори на борби со кучиња.

Остварени се контакти со претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, од ветеринарните амбуланти на подрачјето како и со инспектор за ветеринарство за што, известен е јавен обвинител.

Инаку, според Законот за заштита и благосостојба на животните, забранета е вклученост, поттикнување, организирање, рекламирање, одржување и обложување на борби со животни, за какви било намени.

Подолг временски период, во СВР Охрид нема официјално доставена пријава за борба со кучиња, но апелираме до граѓаните доколку забележат ваква појава, да пријават во најблиската полициска станица.


WebOhrid / 29.11.2023 / СВР Охрид