08/05/2024
Македонија

Дрога и оружје најдени кај жители од Дебрца и Лескоец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.В.(70)  од с.Слатински Чифлик – Дебрца, и У.В.(37) од с.Лескоец, охридско, поради постоење основано сомение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.
На 15.05.2019 во с.Слатински Чифлик-Дебрца, во домот на првопријавениот, од полициски службеници при претрес биле пронајдени и одземени ловна пушка пумпарица „моссберг“ модел 500А  кал.12,  пиштол „црвена застава“ модел 70 кал.7,65 и  22 куршуми со различен калибар, за кои не поседувал дозвола. Додека на 15.05.2019 во с.Лескоец, на ул.„Корабица“, во домот на второпријавениот, од полициски службеници при претрес била пронајдена и одземена марихуана.