19/04/2024
Охрид

Дваесетина волонтери од неколку европски земји и Македонија чистеа на видиковец на патот кон Велестово

Дваесетина волонтери од неколку европски земји и Македонија чистеа на видиковец на патот кон Велестово – заедничка акција на Волонтерски Центар Скопје – Volunteers Centre Skopje и Чист Охрид.

23 волонтери од неколку европски земји, но и од Македонија денеска собраа 17 полни вреќи со отпад од видиковец на патот кон Велестово.

Пластични шишиња, влажни марамици, презервативи се некои од работите кои доминираа на овој простор кој моментално е исчистен благодарение на странските и волонтерите од земјава.

Но, во меѓувреме, истакнуваме дека во околината на видиковецот има кабаст, но и отпад затрупан во грмушки и обрасната трева, кој не бевме во можност да го собереме, за што се потребни поголеми напори, алатки или механизација за да се доведе местото во ред.
Упатуваме порака до посетителите, а особено до младите да го собираат и да го носат своето ѓубрето со себе до најблискиот контејнер.

Ужасна е помислата со ѓубре да се уништува едно од поубавите места во градот, односно погледот кој го нуди видиковецот кон градот и неговите убавини.

Ги повикуваме сите граѓани да се грижат за животната средина, да организираат индивидуални акции за чистење ѓубре и да се приклучуваат на нашите повици, се со цел да ја чуваме животната средина и сите заедно да придонесеме за чист Охрид!