29/03/2024
Охрид

Две лица повредени во сообраќајка на ул.„Гоце Делчев“ во Охрид

На 14.06.2021 во 18.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „априлија“, со охридски регистарски ознаки, управуван од Р.И.(49) од Р.Албанија и велосипед, управуван од Ф.Ј.(61) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, а со телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општата болница Охрид. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.