26/04/2024
Охрид

Едукативни, креативни работилници во кафѐ и бар ШИЛА

Во понеделник  27. август од 10:00 до 11:00 часот во кафѐ и бар „Шила“ во организација на охридскиот “Арт Центар“ ќе започне тридневна креативна работилница за деца.

Работилницата е наменета за деца од 6 до 16 години а ќе се одржи во три термини: понеделник

(27. август); среда (29.08) и петок (31.08). Пријавувањето е електронски преку контакт на фејсбук фан-страната на “Арт Центар“ или лично во кафѐ и бар „Шила“.

Материјалите се обезбедени од АРТ ЦЕНТАРОТ. Работилниците ќе ги држат искусни ликовни педагози. Цената на работилницата е 250 денари за еден час, 600 денари за три часа, 1000 денари за три часа за две дечиња (брат, сестра). Обезбеден е и попуст на пијалоците за сите учесници и родители.

Организаторите порачуваат: “Мали креативци, на крајот на летото дојдете да ја потикниме фантазијата и креативноста. Да го завршиме летниот распуст и да се подготвиме за новата учебна година со ликовно творење и забава.  Дојдете на креативно и едукативно дружење!“

Престојниот настан е уште еден во низата квалитетни културно-уметнички случувања организирани во „Шила“ – концептуалниот бар и кафѐ во срцето на охридската чаршија кој прераснува во вистинска алтернативна арт-сцена во Охрид. Отворени за соработка и споделување на уметноста во секоја нејзина форма, од „Шила“ ги охрабруваат креативците да ги контактираат за промоција на своето дело.

Во продолжение линк од настанот:

 https://www.facebook.com/events/477357322736666/