25/04/2024
Спорт

Европски триатлон куп во Охрид

Агенцијата за млади и спорт е генерален покровител на Европскиот куп и Балканско првенство, кое од 14-16.09 ќе се одржи во Охрид.

По тој повод беше одржана прес конференција на која воведен говор имаше директорот Дарко Каевски.

„Македонската триатлон федерација направи огромни напори во организирање на настан од вакви размери. Агенцијата за млади и спорт ќе го потпомогне секој настан, кој освен промоцијата на одреден спорт, ќе помогне и во промоција на нашата држава,“ – истакна Каевски.

„Се очекуваат натпреварувачи од околу 20 земји во различни категории од кадетски, младински и сениорски категории и од двата пола или околу 300 натпреварувачи. Од Македонија во сите категории ќе учествуваат над 60 натпреварувачи,“ – истакна генералниот секретар на триатлон федерацијата на Македонија, Гордана Николовска.

Таа додаде и дека Охрид ќе биде домаќин од 13-16.09 на симпозиум за триатлон тренери во организација на Светската триатлон федерација.

„Самиот тек на натпреварот ќе се одржува во два приемени дена и два натпреварувачки дена од 14-16 Септември. Вкупно ќе се одржат 19 натпревари во сите категории. Ги поканувам сите вљубеници во триатлонот и спортот воопшто да бидат дел од овој голем настан,“ – изјави Иван Михајловски, претседател на триатлон федерација на Македонија.